ВМРО-ДПМНЕ: Каде требало да завршат над шест милиони долари од кинеските вакцини
Каде требало да завршат над 6 милиони долари од набавката на 200.000 кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг?
Објавивме документи од кои се гледа дека се исплатило аванс на фантом фирмата, од 7.800.000 долари. Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина.
Тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите.
Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи?
Државата е водена како фирма без одговорност. Додека сите министри низ светот бркале вакцини. Филипче и Заев бркале провизии. Одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек