ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста е сведок како СДСМ ја подразбира пазарната економија

Јавноста е повторно сведок како СДСМ ја подразбира пазарната економија таму каде што ја има власта. Еден човек, една фирма еден бизнис и обрт од 650.000 евра за само две години, беше посочено на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ .
- Кога на тоа ќе се надодаде фактот дека фирмата е на Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика, а парите ги наплаќа од џебовите на струмичани преку Јавното претпријатие Струмица гас, станува јасно што мисли Радмила Шекеринска кога зборува за „бомбона бизнис“, рече на прес-конференцијата Жаклина Пешевска.
Според неа, најголемото достигнување во кариерата на Андреевски е тоа што за поранешниот премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски, „по налог на партијата се јавувал од службен телефон во тогашната А1 Телевизија за да го манипулира јавното мислење“.
- Истото што сега го прави за СДСМ и аболицираниот криминалец Заев. Само што сега, како искусен во областа си регистрирал фирма на адреса на родителите на сопругата и со Заев ги вртат парите на струмичани, рече Пешевска.
Според неа, лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што кажа, планира богатење на неговите партиски послушници и милионски бомбона бизниси за неговото семејство.
- Затоа Струмица има најскап гас, а Куманово се гуши во смог, рече таа потсетувајќи дека граѓаните на 11 декември гласаа против криминалните политики на Заев и затоа крајно време е да ја почитува волјата на народот, да се повлече и да дозволи државата да тргне напред.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
