ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, за која смета дека го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување, и нагласи дека Зоран Заев и СДСМ се главен поттикнувач на „големо албанските“ апетити во Македонија и во регионот.
- Ваквите националистички и ретроградни изјави кои зачестија во последниот период се предизвикани директно од антидржавното делување на Зоран Заев, неговите антидржавни ветувања во Берн и прифаќање целосно да ја реализира тиранската платформа. Покрај Лата, вакви антидржавни изјави се изнаслушавме и од Зијадин Села, коалицискиот партнер на Заев, од кого зависи мнозинството на СДС во Парламентот, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода и ниту една изјава не беше осудена од страна СДС, истакна Драган Данев на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека Заев ги разбудил духовите на минатото и шовинистичките и иредентистички намери на одредени кругови во регионот.
- Со прифаќањето на тиранската платформа прифати двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата, што во крајна фаза, судејќи по апетитите во регионот, ќе заврши со дисолуција на Република Македонија.Заев сето ова го прави за да си го плати долгот кај нарко-мафијата и останатите негатори на македонскиот идентитет кои му помогнаа на изборите, рече Данев.
Тој додаде дека граѓаните ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка со еднакви права и можности и оти цврсто ќе се спротистават на секој обид за уништување на државата.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата