ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата за еколошка катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата предводена од СДСМ за неспособност и неодговорност оти дозволила да се прошират пожарите и не реагирала соодветно на проблемот со депонијата во Струга.
- Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во Ѓорче Петров, како и со пожарот во Македонски Брод кој веќе неколку дена се шири, а владата на СДС не се потруди да го запре и угаси бидејќи за нив се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните. Додека граѓаните деноноќно се гушат во чадот од депониите во Струга, Арачиново и Тетово, функционерите на СДС си организираат средби со амбасадори по луксузни хотели, стои во соопштението.
Според партијата, за овие неполни два месеца поради својата негрижа и неажурност 26 министри во Владата на Заев со него на чело дозволиле во секое место од државата да се случува еколошка катастрофа, а граѓаните да бидат оставени сами да се справуваат со овие еколошки проблеми.
- ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која служи на граѓаните ги повикува сите невладини организации на Соросовата фондација кои се фалат дека се грижат за здравјето на луѓето и животната средина да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДС. Време е СДС да почне да работи во корист на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ според која СДСМ за тоа ќе понесе одговорност на локалните избори.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
