Македонија
2. March 2024 - 19:48

ВМРО-ДПМНЕ ја избра Силјановска за претседателски кандидат

Со поддршка на 444 делегати од вкупно 448 колку што гласаа на Конвенцијата, Гордана Силјановска Давкова и официјално беше промовирана во претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. 

Вети нов концепт на Претседател, близок до граѓаните, отпорен на политиката, неуморен во борбата за македонските национални интереси со јасен поглед кон Европската Унија

Трката до место на гласачкото ливче Силјановска ќе ја почне утре кога ќе стартува иницијативата за собирање на 10.000 потписи.

Многу работа стои пред нас, рече Силјановска, а со неа се согласи и партискиот лидер Мицкоски кој додаде дека неговата партија ќе донесе комплетна промена во Македонија, свесен дека комплетната промена, ќе донесе и комплетна одговорност. На власта и порача дека рокот и истекува на 8 мај

Ова е втор обид на Силјановска да обезбеди 5 години на Водно. Првиот помина без успех на последните претседателски избори кога загуби од актуелниот претседател Стево Пендаровски.