Македонија
8. August 2022 - 9:04

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на скафандер министерката е жива бедотија

Скандалозната изјава на  министерката за култура со која најавува цензура на културното творештво не е ништо друго освен спроведување на Протоколот на дело. Министерката позната на пошироката јавност како Скафандер меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми бидејќи тоа е враќање кон мрачни времиња и дека историјата била затвор која не ни давала напредок.

Да имаше две чисти од културата оваа министерка ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се направени токму на историскиот наратив. Затоа министерката за култура треба да си ги спакува куферите и да си замине од таа позиција, бидејќи и од скафандер министерка да е, премногу е!

Тоталитаризмот и цензурата која се обидува Костадиновска Стојчевска да ја направи е резултатот на капитулантската политика на владата на Ковачевски. 

Сега Костадиновска Стојчевска секое дело во уметноста и културата кое нема да им биде по ќеф на Бугарија ќе треба да го игнорира и да не му дава државна помош. Ова е понижувачки и срамно, а изјавата на скафандер министерката е жива бедотија. Бидејќи на Костадиновска Стојчевска не и се допаѓа македонската култура, се срами и ја навредува македонската уметност, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ