ВМРО-ДПМНЕ: Институциите на системот ја толерирале Јанева, потребно е итно проширување на истрагата
Селективната правда е неправда, а во Македонија гледаме дека главата на октоподот е недопирлива и се што прави системот е обид да се покријат трагите кои што водат до Зоран Заев.
Законот очигледно не важи ниту за Зоки Поки, ниту за Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери и злоупотреби на Катица Јанева и невладината организација на Боки 13.
Пролонгираното апсење на Јанева е само излезен план за избегнување одговорност на Зоран Заев.
Заев е премиер на Република Македонија, под чија директна ингеренција се наоѓаат сите безбедносно – финансиски истражувачки служби, тие морале да знаат за милионскиот рекет врз десетици бизнисмени кој траел со години.
Доколку без Јанева не можело да дојде до милионското рекетирање во случајот Империја, без знаење на Заев тоа не можело да се одвива со години.
Институциите на системот ја толерирале Јанева и нејзините извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец. Тоа индицира само на едно, рекетот бил вршен во корист на Заев.
Потребно е итно проширување на истрагата. Без проширување на истрагата кон Заев, оваа операција на ЈО е само обично дефокусирање на јавноста.
Владеење на правото ќе има само кога Заев и неговите соработници ќе одговараат за криминалот.
Реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов и Мухамет Хоџа
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи