ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори
ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори, информираше денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Општина Битола.
Тој уште еднаш го повтори партискиот став за организирање на претседателски и парламентарни избори во ист ден.
- Се уште официјално не сме ги определиле носителите на изборните листи, иако јас сам за себе се претставив како потенцијален носител на листата кандидати за пратеници во изборната единица број 1. Набргу од денеска, јавноста ќе ги знае носителите на останатите изборни единици. Ние, исто така се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат зад кој ќе застанат ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, истакна Мицкоски.
На новинарско прашање во врска со пресудата кон пратеникот Бране Петрушевски за јавно искажано мислење од парламантарната говорници, лидерот на ВМРО - ДПМНЕ посочи дека нивната партија ќе почне процес за разрешување на судијата од Куманово.
- Судијата од Куманово пресудил против пратеникот Бране Петрушевски без притоа да води сметка за уставот и имунитетот, и затоа ние како ВМРО - ДПМНЕ овој случај ќе го истераме се до крај, односно се додека овој судија не биде разрешен. Тоа е важно затоа што ако тој донесува нестручна и антиуставна пресуда, тогаш може да замислите уште колку нарачки ќе добие за да суди по нечија наредба. Овој процес ќе се одвива се додека судијата не биде разрешен, изјави Мицкоски.
Прудружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, градоначалникот Тони Коњановски и членови на раководството на таа партија, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изврши увид на проекти од инфраструктурата во населеното место Долно Оризари, изградбата на нов кружен тек во Битола, а вечер ќе се обрати на собир на граѓани што ќе се одржи во Нова Битола.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек