ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори
ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска на средба на лидерите на партиите Христијан Мицкоски и Зијадин Села и Африм Гаши постигнале договор за соработка на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври. За деталите за соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии.
Средбата на тројцата партиски лидери се пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива .
– Тема на ова средба беа претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив беше посочена борбата против корупцијата и криминалот застапени во општините раководени од СДСМ-ДУИ. Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, станува неминовна опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа, се вели во заедничкото соопштение од трите партии.
Затоа, констатирале тројцата лидери на партиите, потребно е да се соработува со цел општините да бидат институции во служба на граѓаните, со силен и рамномерен локален економски развој, со буџетска поддршка за децентрализација во областите образование, култура и спорт, како и со тежнеење да бидат зелени општини кои ќе обезбедат чист воздух и заштита на животната средина.
-Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии. За начинот и деталите на соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии, се посочува во заедничкото соопштение.
Ново на Сител
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството