ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да оствари барем едно ветување и да си поднесе оставка

Губитникот Заев да оствари барем едно ветување, да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците кои ја рушат владата.
Девети ден, откако Заев требаше да биде заминат, а тој наместо да си поднесе оставка се крие.
И додека се крие Заев, луѓе околу него, и тој лично вршат притисоци врз пратениците кои ја рушат владата.
Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак.
Колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ.
Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата.
Време е државата да се ослободи од Заев и тесната клика околу него која го држи целиот систем во заложништво.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
