ВМРО-ДПМНЕ: Груби многу зборуваше, но ништо не кажа

Груби многу зборуваше но ништо не кажа за скандалот со возилото кое беше запалено пред неговиот дом. Впрочем неговите најблиски соработници признаа дека се работи за негово возило, кое патем не му е пријавено во анкетен лист. Тоа е клучното во овој скандал. Приказните дека позајмувал, возел автомобили од пријатели, многу сакал возила од таа марка и слично нека ги чува за пред неговите поддржувачи.
Неговото денешно излагање со ништо не ја убеди јавноста дека не се работи за скриен имот. Еден криминален чин, на виделина извади сомнеж за друг поголем криминален чин. Да имаше правна држава и слободни институции овие два криминални чина ќе беа расчистени со иста ревност, а посебно тој кој се однесува за евентуална злоупотреба од страна на владин функционер.
Клучното нешто кое што јавноста очекуваше да го чуе е како тоа Артан Груби го користел возилото на компанијата која купи хотел по цела од гарсониера, а во исто време градежната компанија која го продала хотелот доби тендер од владата на Груби? Колку други имоти има на име на пријателите на Груби, а кои тој ги користи или ги поседува?
Времето на одговори и одговорност доаѓа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
