ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сведоци на 100 дена скандали и штетни политики
Граѓаните на Република Македонија изминативе 100 дена се сведоци на скандали и штетни политики кои станаа основен белег на владеењето на СДС и Заев.
Намерата на СДС и Зоран Заев да се стави полицијата во функција на изборите преку притисоци и манипулации е скандал од невидени размери.
СДС сака на овој начин да ја узурпира волјата на граѓаните се со цел да го намалат катастрофалниот пораз на локалните избори
Откако беа фатени живи преку својата SWOT анализа дека сакаат да ја стават полицијата и Буџетот на Република Македонија за уцени и сеење на страв, во очај и паника поднесуваат кривични пријави против кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавно ги повикуваме Државната изборна κомисија κоја е диреκтно вκлучена во изборниот процес, Јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој тежоκ сκандал и да ги осудат ваκвите противзаκонсκи дејствија на Зоран Заев и Оливер Спасовсκи.
Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена ги препознаа катастрофалните политики на СДС
Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена препознаа лаги, манипулации и тотални измислици
Ваквото однесување мора да биде казнето, овие луѓе мора да си одат.
Затоа Зоран Заев и СДС на претстојните избори на 15-ти октомври ќе бидат јасно и недвосмислено казнети од страна на граѓаните.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска