ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните избраа право и правдина, Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во речиси цела Македонија
Стево Пендаровски загуби. Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и во уште четириесетина општини, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните ја избраа Гордана Силјановска Давкова. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните знаат дека ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал, корупција и непотизам. Никој повеќе не ги поддржува Заев и неговите негативни политики. СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност. Глас за Пендаровски е глас за криминалите на Заев. Пендаровски и Заев се 102.5% исти, стои во соопшението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неработата е синоним за СДСМ.
-Две години власта не направи ништо за граѓаните. Потрошени се 7 милијарди евра буџет, а од тоа граѓаните не гледаат никаква придобивка. Нема инвестиции, нема проекти. Истата таа власт која потроши цели 7 милијарди без некој да знае на што сега излегуваат и се сликаат како чистат и одржуваат комунална хигиена, нешто што им е законска должност, а не проект со кој треба да се фалат. Граѓаните не се нискоинтелегентни за да наседнат на форите на Заев и Пендаровски. Граѓаните видоа дека Заев и Пендаровски лажат. Граѓаните ќе гласаат за право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова, додаваат од партијата.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар