ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат предвремени избори за да го казнат СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите порачува дека граѓаните на Република Македонија бараат предвремени парламентарни избори за, како што велат, СДСМ да си ја добие својата казна.
- За СДС и Зоран Заев, македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење. Тоа го докажаа со тоа што Заев индиректно ги мотивираше за симнувањето на македонското знаме во центарот на Куманово и развејувањето на негово место на знамето на Албанија, како и за веењето на знамето на голема Албанија на фудбалски натпревар во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, се додава, народот е на улица и секој ден излегува и порачува дека ги прочитале лагите на СДСМ.
- Лагите на СДС веќе не поминуваат кај македонскиот народ. Македонското знаме, македонската химна и името се богатство на народот. Со нив не може да се тргува, за нив одлучува само народот. Криминогениот СДС да ја сакаше Македонија немаше да ја прифати тиранската платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет, се посочува во соопштението.
Се тврди дека на Заев и СДСМ никогаш не им бил битен народот и неговото мислење.
- Да им беше битен немаше да дозволат да го навредуваат творците на тиранската платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати. СДС немаше да дозволи Зијадин Села што се однесува како нивен портпарол да го негира постоењето на македонскиот народ. СДС е однародена партија која секој миг е подготвена да ја продаде земјата, националните и државните интереси само за да биде на власт, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје