ВМРО-ДПМНЕ го повика Народниот правобранител да реагира на изјавите на СДСМ за партиската книшка
ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Народниот правобранител да реагира и да ги осуди изјавите на СДСМ со кои се прави политичка дискриминација на граѓаните и да дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните.
- Апелираме Народниот правобранител да реагира на политичката дискриминација и сегрегација која СДСМ ја прави на граѓаните тврдејќи дека нивната партиска книшка мора да биде втора лична карта и документ од кој ќе зависи какви права ќе имаат во оваа држава. Република Македонија согласно Уставот е слободна и држава на еднакви граѓани и тоа мора да остане така, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ пред канцеларијата на Народниот правобранител.
СДСМ, додаде тој, им порача на граѓаните дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат партиска членска книшка од нивната партија.
Според него, тоа значи класична дискриминација на граѓани од прв ред членови на СДСМ кои може да ги уживаат сите привилегии и сите останати кои нема да стигнат до своите права доколку немаат партиска членска книшка.
- Пратеникот на СДСМ призна и дека се кинеле казни за сообраќајни прекршоци на членови на СДСМ, а додека сите останати мора да платат доколку им биде изречена казна за сообраќаен прекршок. СДСМ со ова прави сегрегација и дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДСМ значи дека не може да стигнат до основните права во државата, додаде Костовски.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава