ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме навредливиот говор од Џафери упатен кон Јанушев
Најостро го осудуваме мизерниот и навредлив говор кој Талат Џафери го упати кон пратеникот Игор Јанушев и бараме итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана.Џафери треба да сфати дека не во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околности, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување.Џафери треба да е свесен дека нема да се толерира напад врз малолетни деца, иако неговата цел е подгревање на инциденти и ширење на тензии, со цел де фокус од фактот дека неговиот син положил правосуден испит без завршен факултет.Македонија е демократска држава и сите треба да бидат еднакви, а не привилегирани како синот на Џафери.Џафери да не игра на картата на ниски страсти и да се брани дека некој наводно го нападнал или навредил неговиот син, тоа не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, наша одлика е законите да важат подеднакво за сите.Во насока на создавање на здраво општество бараме Џафери јавно да се извини за кажаните закани и навреди кон пратеникот Игор Јанушев.
Со почит,
Ново на Сител
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд