ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот во Куманово

Партиски функционер да нападне граѓанин само заради тоа што излегува на улиците и се спротивставува на тиранската платформа и пазарењето со највисоките национални и државни интереси е чин за осуда и чин кој покажува колку СДСМ е отуѓена од граѓаните и не ги застапува нивните интереси, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчерашниот случај во Куманово, како што посочуваат од партијата, е срамен и најдолен чин кој најдобро доловува во каков очај е криминалното раководство на СДСМ и Зоран Заев.
- Претседател на Општинска Организација на СДС Куманово, физички нападна граѓанин кој протестираше во Куманово на протесниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“. Тој со погрдни зборови навредуваше човек кој сака да изрази револт, но истовремено го навреди и целиот македонскиот народ. Тоа што вчера функционер на СДС го направи е грозно, истакна на денешната прес-конференција Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот, додаде тој, покажува дека СДСМ наместо да се откаже од тиранската платформа грчевито ја брани, како да е еден од нејзините потписниците и оти , како што потенцира Петковски, е подготвен да удри по сопствениот народ, само за да формира Влада врз нејзините темели, чии елементи значат редефинирање на државата.
- Со ова СДС удрија по над 200 илјади граѓани во Македонија, меѓу кои има и членови и симпатизери на нивната партија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, граѓани кои се противат на наметната тиранска платформа, креирана под директива на странски премиер, со намера да ја сруши Македонија онаква каква што ја знаеме, истакна Пековски.
Додаде дека партијата го осудува овој чин на насилство и бара надлежните институции да реагираат и да го санкционираат насилникот, а во СДСМ да се одважат и да го осудат својот функционер, со што ќе покажат дека неговите навреди и напади се изолиран чин на поединец, а не генерална политика партијата.
- Бидејќи вчера беше упатена една порака до мајките Македонки, да им порачам дека и мојата мајка е Македонка, но за разлика од некои други јас се гордеам со тоа, рече Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
