ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Алаѓозовски да направи ревизија

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува министерот за култура Роберт Алаѓозовски да направи ревизија и нагласува дека за време на нивниот мандат во Министерството за култура се работело строго по закон.
- Го охрабруваме да направи не една, туку десет ревизии затоа што во време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ во Минстерството за култура се работеше строго по закон, а средствата се трошеа за зголемување на платите на вработените во културата, за изградба на театри, музеи, промоција на македонското национално творештво и творештвото на заедниците кои живеат во нашата земја, заштита на културно наследство и уште над 500 други проекти. Тие факти се видливи и реални и не може да бидат побиени од ниту една лага која ја пласира Алаѓозовски, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Алаѓозовски.
Опозициската партија укажува дека скоро два месеци Алаѓозовски е функционер, а јавноста, како што се наведува, не памети ниту едно негово конкретно и реално дело со суштинска вредност и корист.
- Единствен негов потег е грубото партизирање на институциите и сферата на културата и варварскиот порив за рушење и укинување на делата кои се од национално и културно значење за Република Македонија, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, крајно време е министерот Алаѓозовски да почне да работи, да решава тековни предизвици со кои, како што се наведува, се соочува секоја институција во своето функционирање и енергијата да ја троши на нешто продуктивно, наместо на квази обвиненија со кои сака да ја дефокусира јавноста од неговата неработа.
- За сите постапки кои ги презема тој и неговиот тим, за сите прекршувања на законите кои ги прават, набрзо ќе се соочат со политичката одговорност, за потоа да се соочат и со правната одговорност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
