ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ оти понудата за заем од Унгарија е под неповолни услови
Обвинувањата на СДСМ за наводното коцкање со државните интереси се целосно неосновани и неточни. Новата влада за разлика од криминалната клика на СДСМ и ДУИ води одговорна и транспарентна економска политика, насочена кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Договорите со нашите меѓународни партнери се внимателно планирани и анализирани за да донесат долгорочни придобивки за државата. СДСМ нема право да зборува за економски прашања кога токму нивната политика доведе до финансиски колапс и задушување на економскиот развој на нашата држава. СДСМ ја задолжи и ја ограби Македонија, ја оставија државата на колена и не оставија никакви дела зад себе. Тие се симбол на криминал, корупција и распродажба на државните интереси.
Сите одлуки и договори на владата за разлика од хаосот на СДСМ и ДУИ се донесуваат во согласност со законските процедури и Уставот на Република Македонија. Обвинувањата на СДСМ за "султански" методи се крајно непристојни и целосно неточни. Владата, за разлика од порано, цврсто се залага за транспарентност и отчетност во секој свој потег. За разлика од времето на СДСМ, кога одлуките се носеа без консултации и транспарентност, ние работиме во интерес на сите граѓани. СДСМ ја остави државата на колена, без јасни и транспарентни процедури и сега немаат апсолутно никакво морално право да ни држат лекции за тоа како се води државата.
Обвинувањата за неодговорно задолжување се неосновани и се резултат на дезинформации. Ние се задолжуваме под многу поволни услови, секогаш водејќи сметка за интересите на граѓаните и државата. За разлика од времето кога СДСМ беше на власт и кога каматните стапки беа прекумерно високи, ние постигнавме значително подобри услови за задолжување. СДСМ, додека беше власт ја задолжуваше и ја ограбуваше државата со камати поголеми од 7%. Тие немаат право да зборуваат за финансиска политика кога нивната неспособност ја доведе државата до финансиски крах. Ние напорно работиме да го стабилизираме финансискиот систем и да ја вратиме довербата на меѓународните финансиски институции.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на своите обврски и задачи и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Ние сме тука за да осигуриме мир, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и за нашата иднина во НАТО и во меѓународната заедница.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта