ВМРО-ДПМНЕ: Фонтаната на Марин од 720 илјади евра не работи, ете толку се неспособни
Фонтаната на Златко Марин слика и прилика на СДСМ.
Фонтаната го покажува фушот, непосветеноста, површноста на СДСМ. Плочките не го покриваат несработеното и неквалитетот, па вода тече од сите страни.
Златко Марин е во трка за најнеспособен градоначалник којшто некогаш раководел со една општина. Мандатот му мина без ниту еден капитален проект, секојдневни скандали, скап ПР, додека се трошат премногу евра за наместени тендери за чешми, ПВЦ врати, кошеви .
И тоа малку што се обиде да изгради Марин за крај на мандатот во општина Аеродром, и тоа го направи неквалитетно и небезбедно за граѓаните.
Марин буквално фрли во вода 720 илјади евра за парк со фонтана во населба Острово.
Парк „Бојмија“ со фонтана ги чинеше граѓаните на Аеродром над 720 илјади евра, а за тие пари добија поплавени плочки, исушена трева и игралиште во опасност од струен удар заради неквалитетна инсталација. И тоа Марин го платил 720 илјади евра.
720.000 евра за парк и фонтана која што не само што не се украс на општината туку претставуваат и опасност за граѓаните.
Не е прашање дали ваква фонтана и ваков парк заслужуваат граѓаните, туку прашање е колку навистина чини ваков неквалитет платен 720.000 евра?
Парк „Бојмија“ опасен по живот и фонтаната „Поплава“ се само уште едни од низата сомнително и скандалозно потрошени пари на Марин. Вистината за сите вакви проекти наскоро ќе излезе на виделина и одговорност ќе мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска