-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата Груби во џеб става народни пари
-->
Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не!
Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.
Која е шемата со туристичките услуги? Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна - секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.
Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.
Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!
Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта!
Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
