ВМРО-ДПМНЕ: Фала Србија, ама Заев и Филипче остануваат да бидат најнеспособните политичари во регионот и пошироко
Тоа што Србија одлучи да донира вакцини против корона за граѓаните во Македонија не ја покрива неспособноста на Филипче и Заев.
Фактот е еден дека тие не можат да обезбедат вакцини за граѓаните на Македонија.
Факт е дека двајцата само просат за вакцини кај стигнат. Требаше да има вакцини од Бугарија, од Грција, еве само Србија се смилува за првите 4680 дози.
Требаше да има КОВАКС, од директни договори...Се уште ништо нема.
И вакцини, од оние кои се донација од Србија, ќе има за медицинските лица на првата борбена линија со короната, ама кој знае до кога ќе нема за остантите, каде се останатите медицински лица, оние кои исто се првите борбени редови.
Ако САД и претставници на Европската унија работат на договори за вакцини уште од лани од август тоа значи дека Филипче и Заев требаше уште многу порано да испланираат од каде и како ќе набавуваат вакцини.
Очигледно приоритет им се само провизиите, а не здарвјето на граѓаните.
И додека тие се грижат за провизиите Македонија се уште ја нема на листите каде се брои колку граѓани од една држава се вакцинирани.
Македонија повторно е црна дупка и во светот и во Европа.
За ова одговорност мора да има!
Ново на Сител
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
