ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ и Ковачевски купија струја од пајташи блиски до власта
Кога СДС се фали дека државната ЕЛЕМ продава вишоци струја, треба воедно да каже дека ЕЛЕМ и Ковачевски државата и граѓаните ги чинат 230 милиони евра за само една година, колку што употребија пари од буџетот за купување на струја од пајташи блиски до власта.
Воедно да одговорат зошто се чекаше цели дваипол месеци за смена на генераторот, со што беше успорено производството на струја?
Главното прашање е што се прави и каде завршуваат тие вишоци на струја, односно зошто се продаваат на сомнителни субјекти по двојно пониски цени од берзанските?
Ова се прави за да броилото и фирмите на Ковачевски во енергетиката растат додека народот осиромашува. Добро е Ковачевски да објасни како неговата сопруга преку ноќ стана бизнис тајкун во овој енергетски сектор.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
