ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата погубни за македонската економија и бизнис секторот
Владата на СДСМ секој ден ја носи македонската економија поблиску до бездната. Економските политики на владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот. Раководењето на СДСМ со буџетската каса за само 9 месеци ги задолжи граѓаните на Македонија незамисливи 1.5 милијарди евра, пари со кои не се започна ниту еден капитален проект.
Владата на СДСМ уште еднаш го докажа своето расипничко работење со креираниот долг од 1.5 милијарди евра и реализацијата за месец јануари на само 1 отсто од капиталните инвестиции предвидени за оваа година. Резултат на економските политиките на СДСМ е и падот во градежништвото за 48,6 проценти споредбено со лани. Дека сите економски индикатори се во слободен пад доволен доказ е и бруто домашниот произовод кој минатата година стагнираше на нула проценти и е најлош во регионот.
Македонија со оваа влада го допре дното во Европа, односно е единствена земја во Европа која за 2017 година не забележи економски раст. Во државата единствено расте сиромаштијата.
Токму патриотите кои први го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ на секое поле, први на своја кожа го почувствуваа политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт. Овие луѓе само поради тоа што го кренеаа својот глас против неспособноста и расипништвото на СДСМ, неосновано се најдоа во притвор.
Се најдоа во притвор со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалните, суштински проблеми на граѓаните кои ги креираше владата на СДСМ. Обвинителството под командата на Заев и сервилно, како што тој самиот кажа, штанца обвиненија за сите негови политички неистомисленици.
Судовите се главни соучесници во политичкиот прогон.
Политичкиот прогон мора да запре веднаш, судот да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството да покренува обвиненија против вистинските криминалци. Владата на СДСМ место да се фокусира на политички прогон нека го сврти својот фокус кон решавање на проблемите на граѓаните кои од ден во ден се се поголеми и поголеми токму поради неспособноста на оваа гарнитура.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019