ВМРО-ДПМНЕ: Економската логика во енергетиката на СДС е загуба
И покрај сите разобличувања, продолжуваат бесрамните лаги на СДС
Не прекинува работата на фабриката за лаги на СДС и интензивните пресконференции и постојаното известување на сите можни вести за работата на енергетските капацитети.
Иако ВМРО ДПМНЕ есе обидува да ги разобличи лагите и манипулациите со кои секојдневно се обидуваат да не замајуваат, нивното мото е:сто пати кажана лага можеби ќе стане вистина!
Неколку дена СДС постојано тврди дека на мрежа се сите капацитети, а никој не ги споменува десетиците милиони евра за увоз на јаглен и мазут.
Последната фабрикувана лага на СДС е дека првпат во последните 70 години сите енергетски капацитети се на мрежа и се продаваат ноќни вишоци. Но, ако се направи анализа секогаш при недостаток на електрична енергија купуваме поскапо, а ноќе продаваме поевтино. Економската логика на СДС е загуба.
Вистина е дека во последниве неколку години се срушија неколку рекорди.
За првпат во последните 70 години се увезе јаглен за рекордни милионски суми.
За првпат во последните 70 години увозот и потрошувачката на мазут се на рекордно ниво.
За првпат во последните 70 години криминалот и корупцијата во енергетските компании е на највисоко ниво.
За првпат во последните 70 години најнеспособните и и најнеобразовани луѓе се на највисоки раководни позиции во енергетските компании.
За првпат во последните 70 години се извршија набавки на електрична енергија по рекордни цени.
За првпат во последните 70 години некој се фали со производни капацитети, а не изградил ниту еден производствен капацитет .
Вистина е дека вкупното дневно производство на сите производни капацитети, со сиот увезен јаглен и зголемената употреба на мазут, плус производството на ТЕЦ Неготино заедно, сепак е сеуште помало од рекордното дневно производство на АД ЕЛЕМ (сега ЕСМ) во времето на управувањето на компанијата од страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
