ВМРО-ДПМНЕ: Џафери со својот примитивизам и насилие остава трауми врз вработените кои ги малтретира
Џафери со својот примитивизам и насилие остава трауми врз вработените кои ги малтретира, потребна е казна веднаш.
Односот на Талат Џафери со вработените во собранието, со кој тој ги понижува, малтретира и врши мобинг им остава трајни последици врз нивното психичко здравје. Дополнително го руши угледот на собранието како во Македонија, така и надвор.
Целиот примитивизам на Џафери одеше во живо на собранискиот канал. Џафери ги згрози граѓаните.
Примитивизмот и бандитскиот однос на Џафери е пример како не треба да се однесува претседател на собранието, кој е на платен список на буџетот кој го полни народот.
Талат Џафери директно го прекршил Чл.14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците.
Мандат за санкционирање на Џафери има Комисијата за деловнички прашања, со која претседава пратеникот Панчо Минов, кој треба во најкус можен рок да ја свика Комисијата и да го казни Џафери.
Санкционирањето на Џафери е само прв чекор. Тој треба сам да биде свесен за одговорноста која ја носи функцијата која ја држи и да си поднесе оставка.
Ковачевски да не молчи уплашен за својата фотелја. Зошто неговото молчење само покажува дека тој стои зад Џафери и неговиот однос.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски