ВМРО-ДПМНЕ: Џафери нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба на јазиците
Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, отпочна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и имплементира двојазичноста на дело, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Џафери, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, јасно кажа дека нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба на јазиците и дека собраниските седници ќе ги води на албански јазик, а доколку затоа има потреба би го сменил и законот, иако водењето на собраниските седници на друг јазик различен од македонскиот, не според законот, туку според Уставот не е дозволено.
ОД ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека пред ваквите изјави и дејствија за флагрантно кршење на законите на Република Македонија и поткопување на Уставот, СДС молчи и ги потпомага.
- Граѓаните на Република Македонија можат да видат само мал сегмент како ќе функционираат институциите откако СДС би ја презел власта – целосно двојазични на сите нивоа на власта на локално и централно ниво, двојазични банкноти и униформи, дебата за промена и промена на државните симболи, промена на името на државата и како крајна фаза на планот од Тирана, федерелизација на Република Македонија. Граѓаните не го дадоа својот глас за реализација на Тиранската платформа, граѓаните се излажани и постизборно измамени, се нагласува во соопштението.
Заев, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „е спремен да ја реазлизира Тиранската платформа, за да дојде на власт, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за големиот број кривични дела кои ги извршил“.
Ново на Сител
-
Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски: Целокупната тендерска документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода