ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски и Бошковска непотребно ќе се држат во куќен притвор, причините се чисто политички
Дурловски и Бошковска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се изживуваше со нив. Аргументи дека ќе го повтореле делото, дека ќе избегаат или дека би и попречиле на
истрагата нема. Нема аргументи заради тоа пто нема дело. Тие не се терористи!
Со секој изминат ден се потврдува дека нема никаква правна основа да се држат во истражен затвор и останатите патриоти. Причините за нивниот притвор се чисто политички.
Селективната правда е неправда.
Демократија во Република Македонија нема. Судот и правосудните органи претставуваат продолжена рака на СДСМ.
Судот е дел од политичка хајка против лица кои не сториле терористички акт.
Судот треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата.
Сите тие се наоѓаат во притвор поради монтиран случај.
Судството не треба да е алатка на политиката!
Судот и правосудните органи во Република Македонија ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за казнување на сите оние кои не размислуваат како СДСМ и Зоран Заев.
Владата на СДСМ се однесува како државата и нејзините граѓани да се нивна сопственост.
Никаде во светот не се лежи во затвор за патриотизам само во Република Македонија која е заробена од Зоран Заев. Република Македонија има потреба од институции кои ќе работат независно, и само така ќе се придвижиме кон ЕУ и НАТО. Се додека институциите се користат за фабрикување на монтирани судски и кривични постапки за пресметување со неистомислениците нема напредок за Република Македонија и нејзините граѓани.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп