ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата која две децении владееше преку рекет, корупција и уценети институции, денес повторно се обидува да ја избегне одговорноста со евтини обиди за етничка манипулација.
Обвинувањата дека институциите на државата водат етнички мотивирани истраги се не само срамни, туку и опасни.
Ниту една етничка заедница не е цел, цел се поединци осомничени за криминал.
Не се водат истраги против Албанци, туку против функционери на ДУИ за кои има сериозни индиции за криминални дејствија.
ДУИ сака да создаде конфликт таму каде што има само правда. Но, времето на недопирливите заврши.
Во правна држава, каква што сакаме да градиме, треба да одговара секој кој ја злоупотребил својата службена положба – без разлика дали зборува македонски, албански или турски.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминалот да се маскира како етничко прашање. Напротив, ние градиме еднаква држава за сите – со правосудство што гони криминал, не етничка припадност, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан