ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Филипче летаат во облаци, болните граѓани се транспортираат со возила на клиниките во Скопје
Срамно е оправдувањето на владата на Заев дека тој и Филипче патувале во Прилеп со хеликоптер за да имале време за дневните агенди и кабинетски обврски.
Нивната измислена обврска денес, поради која се потрошија илјадници евра, беше само да се сликаат кај модуларната болница која е во градба – бидејќи со лопати во раце не ги видовме.
Нивната реална обврска не е да летаат со хеликоптер туку да набават вакцини за населението. Заев и Филипче ја злоупотребуваат моќта летнати во облаци, додека обичните граѓани се изложени на загаден воздух и смртоносен вирус.
Дали болницата може да продолжи со градба без да мора Заев и Филипче да извршат увид летајќи со хеликоптер?
Зошто хеликоптерите кои мора да имаат одредени часови на летање во тек на еден месец не се користат бесплатно за граѓаните кои имаат неопходна потреба од нив?
Зошто наместо Заев и Филипче да летаат во облаци за да се сликаат, не им се помогне на итните случаи во корона хоророт да се префрлаат на клиниките во Скопје за неколку минути, наместо за неколку часа?
Ваква бесрамност и злоупотреба Македонија не памети. За сето ова мора да има одговорност и оставки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна
-
Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот