ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да се охрабри, и Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него
ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, само тие не смеат да отворат истрага.
Над 300.000 евра се префрлени од владата или од ФИТР кон Пиксел груп додека Ковачевски бил заменик министер или мандатар за состав на нова влада.
Ковачевски самиот призна дека се вршени исплати од државата кон Пиксел груп.
Истата таа Пиксел груп е фирмата која за само една година од основањето гради фабрика за производство на фотоволтаични панели.
Пиксел груп е фирмата во средината на соларниот картел на аферата Броило, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар формирана од кумот на Ковачевски, која се јавува на државни тендери, и склучила договори во висина од 2 милиони евра, со разни државни институции откако е СДС на власт. Но и договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.
КМГ ЕОЛ Квазар добива, а Пиксел груп произведува. Парите завршуваат кај фирмата основана од Ковачевски.
И истата таа Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција на фабрика во ТИРЗ Тетово со бугарски партнер во висина од 54 милиони евра.
ДКСК да не чека. Фактите за судир на интереси се насекаде. Да е отвори постапка веднаш. Одговорност мора да има.
Ново на Сител
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
