ВМРО-ДПМНЕ: Директорите се огледало на подвоениот карактер на Арсовска
Кадровските решенија во Градот Скопје се огледало на подвоениот и импулсивен карактер на Арсовска која со ова ја зацврснува и ја задоволува коалицијата која е збир на криминалните апетити на СДС, уценетата ГРОМ, фолирантите од Левица и менторите за лажење и криминал ДУИ. Сите овие партии ја сочинуваат власта и ги пополнуваат директорските места во градот Скопје.
А на Арсовска не и се погодува ниту еден директор кои самата си ги поставува па разрешува затоа што таа ги ускладува апетитите на коалицијата СДС, Левица, ГРОМ, ДУИ.
Таа со овие најнови кадровски одлуки го обликуваше злосторничкото здружување по мерка на Арсовска и коалицијата и по налог на нејзе блискиот Драган Митковски Книга за кого се вели дека е градоначалникот од сенка во Градот.
Кога да и се верува на Арсовска, кога велеше дека Марјанчо Митовски е најдоброто решение за Водовод и канализација или сега кога го разрешува и вели дека Драган Илиевски кого претходно незаконски го назначи на Зоолошка градина сега е најдоброто решение за ЈП Водовод и канализација? Или во прашање е одржување на нејзиниот криминален интерес за раскрчмување на Водовод и канализација и бизнис интерес за пречистителната станица?
Секретарот на градот е пријавуван за семејно насилство, вработени го обвинуваат за мобинг. Градот нема квалитетен јавен превоз, зошто Арсовска им должи на приватните превозници и има пропаднат јавен повик за нови превозници за кој велеше дека ќе биде успешен. Стотици луѓе беа отпуштени од работа во ЈП Водовод и канализација, додека истата Арсовска влезе во војна со синдикатите, во исто време додека ова се случува, таа единствено ги негува криминалните апетити на коалицијата која и ги гласа одлуките СДС-ДУИ, Левица и ГРОМ. Одговорноста за пропаста на градот ја имаат истите тие чии криминални интереси Градот ги поддржува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда