ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на ФЗОМ купуваат луксузни возила додека има недостаток на лекови, амбулантни возила и вакцини
Однародената власт на Заев наместо инвестиции во здравството парите ги троши за луксузни возила. Во време на економска, но пред се здравствена криза директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра.
Бесрамно и бесчуствително.
Здравството ни функционира со донации, а граѓаните се лекуваат преку собирање пари со смс пораки, ама затоа директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства.
Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите.
Додека нема доволно лекови, инсулин и клексани по аптеките , власта аздисува со народни пари
Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно.
Следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање на средства за лекување, или кога нема да можат да дојдат до лековите и терапијата , ќе се сетат дека директорите именувани од Заев парите ги потрошиле за нови возила и за луксуз.
Ова мора да престане.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати