Македонија
12. January 2022 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров нека не глуми генерал после војна, тој ги заплетка односите со сите наши соседи

Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне.

Сфаќаме дека за кариеристот Никола Димитров менувањето од министерската позиција е негов најнесреќен ден и затоа барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на “злобната” Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа на Македонија, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор сокак во однос на европските интеграции.

Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството.

Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета.

И сосема на крај, не е интерес на странците, туку пред се интерес на македонските граѓани тој и оваа власт никогаш повеќе да има одговорности во оваа држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ