Македонија
24. August 2021 - 9:30

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него?

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него?

Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје?

Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?

Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара?

На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат.

Колку чини овој шверцерски ДУП?

Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ