ВМРО-ДПМНЕ: Целата одговорност сега е на Заев
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека целата одговорност сега е на лидерот на СДСМ кој, како што се наведува, веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга страна да дава ветувања за реализација на тиранската платформа.
- Криминалецот Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика. Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека будно ќе го следи секој чекор на Заев со кој би се загрозила иднината на државата.
- Криминалецот Заев покажа дека за него вообичаена активност е да се гази Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието како што тоа беше сторено при обидот да го избере Талат Џафери за претседател. Мандатот на Зоран Заев е затруен плод на затруено дрво. Неговото неодговорно и деструктивно однесување нема иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
-
Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад