ВМРО-ДПМНЕ: Бугарските и барањата на Кирил Петков не смее да влезат во преговарачката рамка
Бугарските и барањата на бугарскиот премиер Кирил Петков во никој случај не смее да влезат во преговарачката рамка за членство во Европската Унија, бидејќи во спротивно тоа ќе значи капитулација на Македонија и бришење на македонскиот идентитет, јазик и историја.
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против и нема да прифати асимилација и бугаризација на Македонија и македонскиот народ преку хегемонистичките и радикални барања кои доаѓаат од бугарска страна.
Тоа што Петков го поставува како услов за да се тргне ветото со прифаќање на бугарската резолуција од 2019 година, значи комплетно бришење на се македонско пред 1944 година, односно прифаќање дека македонскиот народ, историја и јазик се дотогаш биле бугарски. Тоа е неприфатливо и недозволиво.
Власта да не се дрзне и самоволно да прифати таква капитулација, да ги понижи националните интереси и македонското достоинство во обид да опстанат на власт, удоволувајќи и спасувајќи политичката кариера на Петков.
Тоа што е единствено прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија и македонскиот народ се бришење на таа срамна резолуција која ја гласаше бугарскиот парламент, како и гаранции дека нема повеќе да не блокираат.
Бугарија мора да ни гарантира дека нема да има повеќе нови барања и дека повеќе нема да го кочи македонскиот пат кон Европската Унија, односно дека нема повеќе отворени прашања со Македонија исто како што ние во 2008 година им гарантиравме дека немаме отворени прашања.
Без таква гаранција Бугарија ќе има само нови и нови барања, а преговорите немаат поента. Хегемонистичките и ултра националистичките барања на Бугарија не се воопшто европски вредности за кои се залага Европската Унија.
Власта на СДСМ не смее да продолжи да им удоволува на бугарските барања и да го продлабочи проблемот кој самата го создаде.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото