ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот во образованието во изминатите години е зголемен за 72 отсто
Повеќе од 400 училишта се реконструирани, од кои 60 само во оваа година. Се изградија и 55 училишни спортски сали, по 10-ина на годишно ниво откако е започнат проектот. Веќе осма година по ред се имплементира концептот на бесплатно образование, преку обезбедување бесплатни учебници за сите основци и средношколци, како и бесплатен превоз за оние кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на тврдењето на СДСМ дека за многу ученици учебната година почнала без учебници, клупи и сточиња.
- Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го промени фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години го зголеми буџетот за образование за повеќе од 72 проценти. Фактот што изгради 74 нови училишни објекти, од кои три во летниот период годинава – ново средно училиште во општина Сарај, нов училишен објект за потребите на ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, кој ги заменува бараките стари 50 години, и нов училишен објект во состав на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата Хром во Ѓорче Петров. Тие целосно се опремуваат и ставаат во функција на учениците и наставниците. Буџетот на СДСМ за оваа намена изнесуваше 0 денари. Последен пат пред 2006 година нов училишен објект е изграден пред осамостојувањето на државата, пишува во реакцијата на владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека во училиштата се применуваат најсовремени програми и учебници изработени и одобрени од најголемиот светски снабдувач со квалитетни наставни програми и учебници – Меѓународниот центар при универзитетот Кембриџ и дека редовно се дистрибуираат до учениците на почетокот на секоја учебна година.
- И учебната 2016/2017 година започна успешно во сите општини и населени места во државата. Болката на СДСМ е што македонскиот образовен систем оди напред. Затоа секојдневно преку изнесување невистини се обидуваат да ја манипулираат јавноста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна