ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ

Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ, а средните училишта во голема мера беа реконструирани исто така во време додека градоначалник беше Коце Трајановски.
Поточно немаше средно училиште каде немаше направено обемен реконструкционен зафат. Кога сме кај фасадите Шилегов е градоначалникот кој промовираше фасада на средното училиште Јосип Броз Тито иако таа е завршена пред 4 години. Шилегов наместо да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност за коруптивните зделки на директорот на ЈСП и воедно за бруталните наредби на газење на скопјани со багери само затоа што протестираа против уништувањето на зеленилото на Водно.
Шилегов е најголемиот неработник меѓу градоначалниците кои заедно со титулата најбогат градоначалник на Балканот ја има титулата најкорумпиран.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
