ВМРО-ДПМНЕ: Бесими и Ковачевски се фалат со кредитен рејтинг класифициран со поимот „ѓубре“
Бесими и Ковачевски се фалат со кредитен рејтинг класифициран со поимот „ѓубре“, државата е високо ризична според Стандард и Пурс.
Македонија според оваа класификација е земја со висок ризик за неможност да ги финансира своите долгови кон кредиторите.
ББ – кредитниот рејтинг во полето на високоризични земји го одвраќа секој инвеститор или комерцијална банка која ќе сака да и позајми пари на државата или да го стори тоа, но по енормно високи камати.
Оваа оценка на Стандард и Пурс кажува дека сите кредити во иднина ќе бидат со потенцијално повисоки камати.
Стандард и Пурс само потврдува она за кое со години алармираме, дека Заев ја движи Македонија кон инсолвентност.
За прв пат долгот е над 7 милијарди евра и за само 4 години е зголемен скоро двојно.
Време е Заев да си оди. Лошите политики ќе ја уништат државата. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
