ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и оставка од министерот Таравари за починатите две лица од Гостиварско
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска бара од министерот за здравство Арбен Тараври да понесе одговорност и да поднесе оставка за смртта на таткото и синот од Гостиварско.
Во соопштението наведуваат дека двете жртви се директна последица на потценувачкиот однос на Таравари и додаваат дека хаосот што го создал министерот може да ги загрози животите на уште многу лица доколку не се преземат мерки.
- За неполни два месеци владата на Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа, стои во соопштението во кое се додава дека Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин, но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат.
Во соопштението стои декаТаравари ја признал целата негрижа, неспособност и незнаење како да се справи со сериозна здравствена закана по граѓаните во Република Македонија.
- Неспособноста и неодговорноста на Таравари ја видоа и почувствуваа граѓаните на својот грб. Таравари нека престане да прави ПР стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка и нека се фати за работа. И како министер за здравство да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и Гостиварско, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека преку видео пораки, министерот Таравари признал дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пациенти не починувале од ваква болест.
Ново на Сител
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови