Македонија
25. August 2019 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ бара одговор каде запре истрагата за ,,Лоренцо‘‘ и ,,Тополки‘‘

-Во време на незапаметени огромни меѓународни криминални корупциски скандали на власта, со месеци се чекаат ставовите на антикорупционерите. Отворен предмет значи можност на ЈО да не работи, криминалот и корупцијата да продолжат и натаму, а во меѓувреме да се влијае на докази и на сведоци. Антикорупциска за отворени предмети како Тополки и за Леонардо е срамно алиби за наводно функционирање на системот, кој во исто време врши тортура врз медиуми и новинари заради откривање на корупција, токму во овие предмети. Леонардо е пример за чиста корупција, а антикорупционерите над 50 денови имаат предмет и немаат став, а државата напаѓа медиуми, се носат новинари во полициски станици, се најавуваат кривични пријави против нив! Зар ДКСК ќе дозволил да почне кривична постапка против новинари, а тие уште ќе градат став „по допрен глас“? Очигледно е дека постои притисок од државната мафија, за толку јасен случај да нема разврска. Колку време им треба на антикорупционерите за да увидат дека не му е местото на Драги Рашковски како Генерален секретар на Владата да договара тајни средби која компанија да добие тендер, па да договара што да се дополни, што да се менува, колкава ќе е авантата. Антикорупционерите немаат став ниту за Тополки. Внимавајте Вицепремиерот Анѓушев ја убедил владата за во директна спогодба со Владата да се дозволи и даде земја за да се отвори бизнис на семејни компании на Анѓушеви. Антикорупционерите предметот го имаат од 9 мај. Четири месеци нема никаков заклучок од антикорупционерите за ваков невиден милионски скандал. Дали чекаат Кочо да ги изгради хидроцентралите, да почне да продава струја, можеби и да падне власта и да застари случајот?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.