ВМРО-ДПМНЕ бара да се приспита одлуката за затворање на влезот на Охрид пред почетокот на летната сезона
Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав.
Овој пат, последиците од лошото работење на власта ќе ги трпат охриѓани и Градот Охрид.
Имено, Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље - Охрид.
Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион.
Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион.
Почитувани,
Власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера, на штета на Охрид и охриѓани.
Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно.
На крајот, како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓаат токму од Охрид, уште еднаш од оваа говорница сакаме јавно да ги повикаме надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршување на истата, да отпочнат со градежните активности на овој патен правец.
Охрид е туристичка атракција и бисер на Македонија кој не смееме да дозволиме да го изгуби својот сјај поради лошите политики и одлуки на власта.
Грација Бакраческа, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Меси им кажал на соиграчите дека финалето на СП 2026 е неговиот последен натпревар за Аргентина
-

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
-

САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада
-

Литванија покрена постапка за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје
-

Нови американски воздушни напади врз Иран, погоден танкер во Ормуската Теснина
-

Министерот Николоски ќе присуствува на промоцијата на седмиот авион на „Виз ер“ во Скопје
