ВМРО-ДПМНЕ: 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање загубите на СДСМ
Ковачевски ја краде иднината и на неродените - 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање загубите на СДСМ.
900 милиони евра колку што владата ќе се задолжи за овозможување на буџетска ликвидност се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат.
Со 900 милиони евра кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност ќе имаше автопат од Велес, преку Прилеп до Битола, и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица.
Автопат со Ковачевски нема зошто СДСМ наместо да работи крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви.
Криминалот на СДСМ сега не чини сите нас, граѓаните на Македонија 900 милиони евра, кои наместо на над 200 километри автопат одат на покривање на расипништвото на СДСМ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
