ВМРО-ДПМНЕ: 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и фирмите со покачувањето на горивата
Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата.
54 милиони евра помалку кај граѓаните ќе значи поголема сиромаштија и потешка егзистенција кај илјадници семејства.
Зголемената цена на горивата со таканаречената зелена такса ќе влијае и на зголемување на цените сите производи, од прехранбени до услуги.
Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство.
Народот и стопанството во целост преку зелената такса ќе го плаќаат крадењето на власта во изминативе години.
Преплатените јавни набавки и изборниот поткуп го испразнија буџетот и заради истите Заев ја задолжи Македонија 2.4 милијарди евра, а секое семејство во просек по 4.800 евра.
И сега народот повторно ќе плаќа заради Заев. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ