Македонија
26. November 2024 - 16:54

Вложување во дигитализација

Владата најавува дигитализација на најупотребуваните јавни услуги за граѓаните и компаниите – електронско испраќање барања и добивање на потребните документи преку компјутер или паметен телефон.

Во проекциите на буџетот за следната година според владиниот портпарол, предвидени се дури 200 отсто повеќе пари, или 365 милиони денари за дигитализација, споредбено со средствата предвидени за последните две години заедно.

Следната година предвидена е изградба на современ примарен податочен дата центар во Скопје, каде сите органи на државната управа ќе ја ко-лоцираат својата опрема.