Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
Продажбата на влезници за Зимските олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина ќе стартува утре, а побарувачката е голема и покрај тоа што цената на билетите е поскапа споредено со Олимписките игри 2024 во Париз.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година, а Параолимписките игри ќе следат во март идната година. Домаќини на Игрите ќе бидат Милано и алпскиот град Кортина д’Ампецо.
Најниската цена на билетите ќе биде 30 евра, додека 57 отсто од билетите ќе се продаваат по цени до 100 евра, соопштија денеска организаторите. За Летните олимписки игри 2024 во Париз, околу 50 отсто од билетите беа продадени за 50 евра или помалку.
Во натпреварувачкиот дел, најскапи ќе бидат билетите за финалето во хокеј на мраз за мажи – 1.400 евра, а 1.200 евра за гала вечерта во уметничко лизгање.
На Игрите во Париз, најскапите билети, кои беа за машкото кошаркарско финале и некои атлетски дисциплини, вклучувајќи ја и трката на 100 метри за мажи, чинеа 980 евра.
Свеченото затворање, кое ќе се одржи во градот Верона, ќе биде најскапиот настан на Зимските игри, со цени од 950 до 2.900 евра. Влезниците за свеченото отворање во Милано ќе се движат од 260 евра до 2026 евра.
Ново на Сител
-
Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан