Живот
31. December 2017 - 19:18

Влезете богати и среќни во Новата година: Со овие ритуали ќе внесете позитивна енергија во животот

Во зависност од делот на светот во кој живеете, секој има своја традиција што ја почитува пред Новата година.

Едни носат одредени бои зошто сметаат дека тоа ќе им донесе среќа, други присуствуваат на изгрејсонце, па на тој начин ја поздравуваат Новата година, додека некои времето го поминуваат анализирајќи ја претходната и планирајќи ја новата која е пред нив. Ова се некои од советите кои привлекуваат среќа и позтивна енергија во вашиот живот.

Бакнете некој драг пред полноќ, тоа ќе ви обезбеди среќа, хармонија и напредок во наредните 12 месеци. Доколку бидете сами кога часовникот ќе отчука полноќ, бакнете го домашноот милениче. Никако не треба да плачете, зошто тоа ќе привлече лоша среќа. Трудете се да бидете оптимистични и среќни.

Не позајмувајте пари или драгоцени предмети. Доколку тоа го направите, значи дека ќе исплаќате пари во текот на целата година. Пополнете ги сите паричници со банкноти, зошто тоа гарантира просперитет во наредната година.

Се верива дека доколку на полноќ изедете 12 зрна грозје, кои ги симболизираат 12-те месеци во годината, ќе имате среќа во текот на целата година, како и изобилие и богатство. Доколку се одлучите за јаболка целата година ќе ви биде слатка и хармонична.

Чистењето на стариот неред и фрлањето на сите непотребни работи од куќата е ритуал кон кој се придружуваат многумина. Генерланото чистење на станот е посакувано за да ја ослободите негативната и да ја привлечете позитивната енергија. Некои практикуваат обичај на фрлање на старата метла и купување на нова. Тоа симболизира чистење на прашина стара година дена, за да не се пренесе во новата година. Отворете ја врата на полноќ, на тој начин ќе ги пуштите сите негативности надвор од куќата.

Храната често е неизоставен дел на многу новогодишни прослави. Ширум планетата се подготвуваат специјални јадења, посебно наменета за Нова година. Во некои делови од светот луѓето подготвуваат боранија или леќа за коис е верува дека носат среќа. Одредени луѓе печат новогодишни колачи, кои претставуваат парички кои ќе им донесат напредок и среќа. Тргенете го остриот прибор за сечење како ножици, ножеви или жилети. Се смета дека овие предмети може да ја исечат среќата на повеќе делови и да донесат несреќа.

Многумина Нова година ја дочекуваат со семејна молитна во која се изразува благодарност и љубов. Молитвата треба да ссе чита од срце и со надеж дека ќе биде слушната. Потребно е да ссе фокусирате на она што сакате да ви го донесе новото лето Господово.

Платете ги сите сметки и долгови за да можете позитивно и растеретено да влезете во Новата година. На тој начин ќе ги решите проблемите од минатото. Доколку не сте во состојба да ги исплатите сите долгови, уплатете барем симболична сима, како знак на позитивна акција.