Влажните паметни телефони не се сушат во ќесичка ориз
Ако паметен телефон „Ајфон“ се намокри, тоа не се суши во ќесичка со ориз, советува „Епл“ (Apple). И покрај популарноста на оваа „техника“, познавачите и стручаците веќе и официјално предупредуваат дека тоа не е делотворен начин. Тестовите го покажуваат тоа, па сега и самиот технолошки гигант објави предупредување до корисниците дека зрнцата ориз всушност може да ги оштетат уредите.
Компанијата наведе дека наместо тоа, влажниот телефон треба нежно да се допре со дланка, така што отворот за полнење ќе биде свртен надолу, а потоа се остава да се исуши.
Освен неделотворниот начин со ориз, се советува телефонот да не се суши ниту на радијатор ни со фен, но ниту да се брише со памук или хартиена крпа врз телефонот.
Според некои предвидувања, промената во дизајнот на паметните телефони може да значи дека сите овие совети ќе бидат непотребни во иднина. Новите уреди, имено, сè подобро ја поднесуваат влагата, така што поновите уреди на „Епл“, на пр., може да издржат потопување до длабочина од шест метри и до половина час.
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани