Властите ги идентификуваат најдените авионски остатоци на Реунион

Припадници на француската жандармерија и на службата за воздушен транспорт започна со идентификација на делот од авионското крило, што беше откриен вчера на брегот на градот Сан Андре на островот Реунион во Индискиот Океан.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, тие ги измериле димензиите на авионскиот дел, како и школките кои се залепиле за него и ја проценуваат неговата истрошеноста. Првата констатација е дека авионскиот дел престојувал подолго време во вода.


Авионскиот дел е долг околу два метри и биле потребни 5 лица за да го пренесат. Анализите продолжуваат и натаму, со оглед дека секој авионски дел е со референца и може да се пронајде на кој авион му припаѓа.
Малезија најави испраќање на свои експерти на францускиот остров за да ги анализира остатотици, но повика и на внимателност имајќи предвид дека по исчезнувањето на авионот „Боинг 777“ на „Малезија Ерлајнс“, кој леташе на линијата Куала Лумпур-Пекинг, на 8 март 2014, се појавија повеќе хипотези.


Малезиските и австралиските власти се сомневаа дека авионот се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, недалеку од градот Перт. Сега се поставува прашањето дали делови од авионот можеле да „допловат“ носени од морските струи до Реунион, кој се наоѓа на спротивниот крај од Индискиот Океан.
Ново на Сител
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
